Сертификатот од електронската вињета можете во секое време да го симнете преку Вашата корисничка сметка. Доколку немате пристап до Вашата корисничка сметка, како алтернатива употребете го нашето пребарување на налози.
Со секоја нарачка добивате сертификат од електронската вињета како PDF-документ. Овој документ служи како потврда дека Вашата електронска вињета е регистрирана. Меѓутоа, документот не мора да се печати. И не морате документот да го имате со себе за време на патувањето.
Не, електронската вињета морате секогаш да ја купите на време пред почетокот на патувањето. Дококу сте пропуштиле да си купите електронска вињета, истата не може да се купи отпосле.
Електронската вињета треба да ја купите пред да тргнете по автопатишта и други патишта за кои е задолжителна вињета. Be молиме имајте на ум дека електронската вињета не може да се купи на сите гранични премини и влезови на патишта. Затоа е препорачливо вињетата да ја регистрирате директно кај vintrica уште пред почетокот на патувањето.
Доколку за време на процесот на нарачување сте го резервирале Flex-Service, Вашиот регистарски број можете преку Вашата корисничка сметка да го смените во секое време пред првиот ден од почетокот на важноста. Од првиот ден на важноста на електронската вињета па натаму повеќе не е можно менување на регистарскиот број. Доколку не сте го резервирале Flex-Service, не е можно менување на регистарскиот број.
Не е неопходно да регистрирате корисничка сметка пред нарачката. Како нов корисник, во текот на првата нарачка можете автоматски да отворите нова корисничка сметка. Доколку веќе сте корисник, можете за време на нарачувањето да се логирате на Вашата корисничка сметка.
По закон, електронските вињети не подлежат на Reverse-Charge постапка и мора секогаш да бидат оданочени во земјата во која важи вињетата. За жал, поради тоа не можеме да Ви издадеме Reverse-Charge сметка.
Be молиме првин да го проверите нашиот сертификат за електронска вињета. Таму ќе најдете информации во врска со периодот на важност, бројот на регистарските таблички и категоријата на возилото. Проверете да не сте направиле некоја печатна грешка при нарачувањето и дали сите податоци што се отпечатени на сертификатот се точни.
Потоа треба да стапите во контакт со испраќачот од патарината. Vintrica не е испраќач на ливчето со казна и нема никакво влијание врз казната. Прашањето треба да си го расчистите Вие и испраќачот на казната за патарина. Vintrica не одлучува за казната за патарина.
После успешното нарачување и плаќањето на Вашата електронска вињета, може да потрае десетина минути додека биде издадена електронската вињета. Во исклучителни случаи, регистрирањето може да потрае и подолго. Во овој период сè уште не смеете да користите автопатишта и експресни патишта на кои се плаќа задолжителна патарина. Ние ќе Ве известиме преку и-меил штом Ви биде издадена вињетата. Дури тогаш смеете да користите автопатишта и експресни патишта на кои се плаќа задолжителна патарина!
Во vintrica можете да платите со сите вообичаени онлајн-начини на плаќање, вклучително PayPal, карта и онлајн банкарство. Изборот на саканиот начин на плаќање го правите при самата постапка на нарачување.
Да, ако Ви требаат вињети за повеќе земји, за различни возила или за различни периоди на важност, можете да ги регистрирате при една иста постапка. Саканите вињети едноставно додајте ги во Вашата корпа со производи.
Во принцип, сите нарачки од vintrica се можни и без претплата. Единствено за годишната вињета Ви нудиме претплата со која можете секоја година автоматски да ја продолжите годишната вињета. Меѓутоа, оваа претплата е потполно доброволна. Повеќе информации ќе најдете на оваа веб-страница.
Be молиме најпрво да проверите дали нашиот и-меил можеби се наоѓа во папката со спамови (несакана пошта). Доколку не ја најдете потврдата за нарачката, логирајте се на Вашата корисничка сметка. Таму можете во секое време да го проверите статусот на Вашата нарачка и да ги симнете сите неопходни документи.
За vintrica заштитата на податоците има особено висок приоритет. Ние преземаме бројни безбедносни мерки за да ги заштитиме Вашите податоци од пристапот на неовластени лица.
Со автоматското продолжување, Вашата годишна вињета автоматски се продолжува секоја година. Оваа услуга е опционална и може дополнително да се резервира за време на регистрирањето на годишната вињета.
Автоматското продолжување можете да го откажете 2 дена пред доспевањето на следната давачка за годишна вињета. Доспевањето е секогаш 6 седмици пред истекот на Вашата годишна вињета. Откажувањето се прави онлајн во Вашата корисничка сметка.
За веќе постоечките годишни вињети без автоматско продолжување можете отпосле да ја активирате услугата на Вашата корисничка сметка. Штом ќе истече Вашата стара годишна вињета, ние истата ја продолжуваме автоматски.
Во Словенија е потреба вињета за следните категории возила:
Патарина класа 1: вклучува моторни возила со еден колосек, кој не е поширок од 50 cm. Ова обично вклучува мотоцикли.
Патарина класа 2A: максимална вкупна тежина од 3,5 тони и максимална висина од 1,3 метри над првата оска. Ова обично вклучува моторни возила со два колосека и камп приколки (патнички автомобили, мини комбиња, џипови, пикап возила и камионети). Во случај на камп приколки, максималната висина од 1,3 метри над првата оска не важи.
Патарина класа 2B: максимална вкупна тежина од 3,5 тони и минимална висина од 1,3 метри над првата оска. Ова обично вклучува комбиња.
За приколките не е потребна посебна вињета во Словенија.